1. Ромни бил искрено потресен од победата на Обама
Ромни најдлабоко верувал дека тој ќе биде 45-от претседател на САД и бил потресен од поразот. "Мислам дека немаше ниту еден човек кој го предвиди ова," изјавил еден од високите советници на Ромни. Републиканскиот кандидат бил уверен во победата, бидејќи не верувал дека младите гласачи и малцинствата ќе излезат во ист број на гласање како и во 2008-ма. Токму заради ова тие до самите избори верувале дека јавните анкети биле наместени во корист на Обама. Аналитичарите објаснуваат дека Ромни имал основана причина да верува дека симпатизерите на Обама ќе излезат во помал број.
2. Обама имал феноменална акција за мобилизирање на гласачите
Штабот на Обама користел "исклучително софистицирана база на податоци наполнета со имиња на милиони неодлучни гласачи и потенцијални симпатизери," пишува Њујорк Тајмс. Базата им дозволила на армијата волонтери на Обама прецизно да ги таргетираат гласачите, да ги регистрираат и да ги испратат на гласање. На денот на изборите "стана јасно дека кампањата на Обама ја промени природата на електоратот, правејќи го помлад и помалку бел. Моќта на оваа операција ги запрепасти помошниците на Мит Ромни на денот на изборите, додека гледаа како гласачи за кои никогаш не знаеле дека постојат се појавуваат на гласање," објаснува Тајмс.
3. Ромни имал катастрофална акција за мобилизирање на гласачите
Штабот на Ромни "создаде супер таен, супер моќен систем за мониторирање на гласачите, наречен Проект Орка," пишува Вашингтон Ексаминер. Оваа апликација требаше да поврзе над 30.000 волонтери во нивните обиди да го зголемат бројот на симпатизери на Ромни кои излегле на гласање. Проблемот е што проектот беше комплетна утка. Програмот не работеше речиси цел ден, заради што волонтерите на теренот не знаеа каде им се гласачите и кого треба да контактираат.
4. Обама ја потцени способноста на Ромни за дебатирање
Во загревањето за претседателската кампања, Обама покажа сосема мала загриженост околу противникот. Заради ова, тој заврши во стапица, што советниците на Ромни ја имаа предвидено. "Антипатијата на претседателот кон Ромни - што според аналитичарите е далеку поголема од онаа кон Меккејн во 2008. - направи тој да го потцени својот противник, кој пред милиони луѓе почна да се движи од десницата кон центарот," пишува Тајмс. Како резултат на ова, претседателот го мина остатокот од кампањата надоместувајќи за "она што веројатно беше најтажната ноќ во политичката кариера на Обама."
5. Ен Ромни плачела кога Обама победил
Кога се беше готово на денот на изборите, републиканскиот кандидат му се јави на Обама за да го признае поразот. "Ромни беше мирен додека зборуваше со претседателот, но неговата сопруга Ен, плачеше," објави СиБиЕс. Неговиот партнер за потпретседател, Пол Рајан, бил искрено потресен од поразот, додека сопругата на Рајан била "вознемирена и тивко плачела."
6. Ромни купил огномет за прослава
Републиканците биле подготвени да го прослават изборот на 45-от претседател со 8-минутен огномет во седиштето на нивната кампања во Бостон. Огнометот бил платен 25.000 долари, и бил во боите на САД - сина, црвена и бела.