2.270 делегати
ќе присуствуваат на 18-от конгрес на Кинеската Комунистичка Партија, кој почна на 8-ми ноември. Првиот конгрес е одржан во 1921-ва, и се одржува на секои 5 години. На секој втор конгрес, се назначува сосема нов ешалон на врвното раководство на партијата. Кси Џинпинг се очекува да биде новиот генерален секретар на партијата и претседател.
5 генерации на лидери
(вклучувајќи ги и оние кои сега ќе бидат назначени) до сега ја водеа комунистичка Кина. Првиот трансфер на моќта беше направен во 1976-та, по крајот на Културната револуција на Мао Це Тунг, вториот следуваше по крвавото задушување на Тиенанмен во 1989-та. Откако мина времето на доминантни лидери како Мао и Денг Ксиаопинг, сега ККП се труди да го направи трансферот на власта што е можно попредвидлив и постабилен. Моментално моќта во партијата е поделена меѓу три неформални фракции: "народната," "елитистите" и кинеската армија. Новиот бран на лидери, ќе бидат првите што целиот свој живот го минале под комунизам.
7 мажи
ќе бидат избрани како членови на Политбирото. Ова е највисокиот извршен орган. Неговите членови се избираат тајно и преку преговори меѓу сегашните и поранешните лидери на партијата кои се обидуваат да го задржат своето влијание. Сегашното Политбиро има 9 членови. Се уште не познато кои ќе бидат овие седуммина, само се знае дека сите ќе бидат мажи, дека веројатно ќе има двајца познати либерали реформисти.
1.704 странски новинари
се регистрирани да го следат конгресот. Странските новинари до сега обично се фокусирани речиси исклучиво на економскиот раст на Кина, без да се потрудат да ја разберат внатрешната политика на комунистичката партија. Како што државата во изминатиот период ја отвораше своја економија, така ККП стратешки се повлекуваше од јавноста, создавајќи чувство дека повеќе не е релевантна. Самиот Руперт Мурдок при една посета на Кина во 90-те, изјави "се уште чекам да запознам комунист."
1,4 милиони жители
се регрутирани за да ја подобрат безбедноста во Пекинг. Кинеските блогери се жалеа дека треба да се регистрираат во патнички дневници секој пат кога ќе фатат такси, а самите таксисти се предупредени да внимаваат на патници кои носат пинг-понг топки, кои се во минатото се користеа за пренесување на субверзивни пораки. Таксисите исто така мораат да ги заклучуваат вратите и прозорите за време на конгресот за патниците да не можат да ги фрлат споменатите топки на улица.
97 и 22
годините на најстариот и најмладиот делегат на конгресот. По бројките од 2011-та, ККП има 80 милиони членови.
18 економски реформи
Кина треба да спроведе во идните 5 години. Меѓу предлозите се укинување на некои државни монополи, дозволување на приватен капитал во кинескиот банкарски систем и пополнување на недостатокот во пензискиот фонд од речиси 2,3 трилиони евра.
Промена на 5.000 работни места
во ККП и Владата за време на преносот на моќта. На листата се министри, гувернери, секретари на провинции и позиции во локалните власти. Сепак треба да се земе во предвид дека промените се прават на секои 10 години и дека оваа бројка и не е толку голема ако се земе во предвид големината на Кина. За споредба со секоја нова американска администрација се прави промена на 3 до 4 илјади политички позиции.