Битката за Москва, 70 години подоцна

На 7-ми ноември 1941-ва, додека Нацистите се на само 30 километри од Москва, во градот во исто време руската армија одржува парада пред да се упати кон фронтот. Ова се смета за моментот кога Германија ја губи војната во Советскиот сојуз, а со тоа и во остатокот од светот. Годинава беше 71-годишнината од парадата. Русите не заборавија.

Во обележувањето на годишнината на Црвениот плоштад учествуваат 6.000 војници и кадети облечени во советските униформи од Втората светска војна.

На парадата учествуваа и 42 воени ветерани (од 65 се уште живи) од Битката за Москва, за кои беа направени и посебни униформи. На Црвениот плоштад продефилираа и Т-34 и Т-38 тенкови од 1941.

 

8 ноември 2012 - 13:58