Излегување од 40.000 фунти

Официјално, објаснувањето зошто еден лондонски брокер потрошил 40.000 фунти (свои пари, ништо спорно) во еден бар во Лондон е - да го импресионира Бенисио Дел Торо. Неофицијално - никој не може да има објаснување за сметка до 40.000 фунти.

Сметката е направена за време на Ноќта на вештерките, а целата забава започнала со тура од 10 Зомби коктели (вотка, рум, абсинт и грејпфрут) кои чинат по 30 фунти.

Забавата регуларно течела се до кај 23 часот кога во клубот пристигнува Бенисио Дел Торо.

Во рок од неколку часа по ова, неименуваниот брокер потрошил 24.000 фунти на 3 шишиња Дом Перињон (Метузалем), плус нарачал и 7 шишиња Дом Перињон Oenotheque, кои вкупно го чинеле 3.500 фунти, како и два Дом Перињон Магнум за 2.000 фунти.

Од останатите пијалаци имало две вотки Белведер, 7 чаши текила Дон Хулио 1942, шише рум Хавана и шест шишиња шампањ Круг. Сето ова било комбинирано со 25 шишиња Ред Бул.

На целото ова нарачување сметката изнесувала 34.861 фунта, брокерот решил да заокружи и оставил околу 5.300 фунти бакшиш. Дечките си заминале околу 2 часот, а сметката била платена со картичка.

8 ноември 2012 - 17:41