
Археолозите го сметаат 2.600 години стариот храм за место со бесценета вредноста. Проблемот е што приближно слично го чувствуваат и Кинезите, кои проценуваат дека храмот е изграден врз второто најголемо наоѓалиште на бакар во светот. Плус има и нешто злато.
Освен што треба да се разберат со Кинезите, археолозите сега се и на мета на Талибанците кои се надеваат дека ќе заработат нешто од протокот на бакар низ регионот.
И покрај обидите на верниците да го спречат уништувањето на храмот, сосема е веројатно дека тој во најскоро време ќе биде срамнет со земја. Токму заради ова и археолозите гледаат да соберат што е можно повеќе предмети од храмот пред да им биде забранет пристапот.