Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Полароид сака да биде ГоПро

Апаратот се вика Полароид Кјуб и за разлика од сите Полароиди, многу е мало и ништо не вади инстантно, туку сè оди со поврзување преку компјутер.

После нафта, шопинг

Има кули, водопади и толпа продавници, кои се простираат на површина два пати поголема од Ватикан, ова е најновиот и најголемиот трговски центар во Дубаи и во светот - The Mall of the World.

Како се ќарува точка ком

За времињата кога беше доволно на името на фирмата да ѝ додадеш точка ком за да дојдеш до ќар. И за времињата кога беше доволно на фирмата да ѝ ја извадиш истата додавка.

Како да не бидете добронамерна шовинистичка свиња

„Благонаклон сексизам" е она кога некој маж се однесува фино кон некоја жена, само затоа што таа е - жена. Не ви е јасно? Обидете се да ѝ помогнете на феминистка да закова шајка, па ќе ви стане.

Боречки вештини на армијата на Северна Кореја

Изработено за домашна публика, видеово треба да ги увери Северно-корејците дека нивната армија е подготвена за која било закана. Не е проблем ако се појави и во странство, каде целта би била да се преплаши непријателот.

Крлежот што те тера да станеш вегетаријанец

Во изминатиов период американските доктори кај своите пациенти забележуваат неочекуван скок на алергија на месо. Заедничко за сите е што секој од нив бил каснат од посебен вид на крлеж.

Америка го бомбардира сопственото оружје во Ирак

Паралелно со требењето припадници на ИСИС, американската авијација во секој воздушен напад со помош на милиони долари вредните ракети и проектили, уништува милиони долари вредно американско оружје.

Од линиите на Калифатот

По десетина години војни низ арапскиот свет, дополнети со вести од Чеченија и Авганистан, ИСИС годинава успеаа да воведат сосема ново ниво на ужас во новинските извештаи. Сето ова како дел од воспоставувањето, а сега и ширењето на нивниот калифат. Сега за прв пат, западни новинари успеаа да направат репортажа од таму.

Како да откриете нарцис со просто прашање

После децении усложнувања на тестовите на личноста и нивната нарцисоидност, истражувачите го откриле наједноставниот начин за нивно дијагностицирање: едноставно, прашајте ги.

Европското "но пасаран" за американската хлорирана кокошка

Европа ја продолжува долгата традиција на сомничавост кон американската живина, овој пат по основа на забрана за увоз на она што политичарите стручно го нарекуваат "Пилиња во сос од хлор." Да нема забуна, ова Европа важи за ЕУ.

Еден Ерменец, една статија во Википедија

Пишувањето статија во Википедија е национална должност на Ерменците, и новата кампања на темата очекува од секој еден Ерменец да напише (или уреди) барем една статија во он-лајн енциклопедијата.

Прикладното алиби на Обама за враќањето во Ирак

За да не излезе дека Американците се подадоа и во првиот момент кога почувствуваа дека Курдите се во сериозна опасност од ИСИС, повторно ги разлетаа авионите над Ирак, официјалниот став на Белата Куќа е - во ирачки Курдистан има Американци (војска + дипломати), и ова го правиме заради нив.

Туркменистан се еманципира од Сапармурат Нијазов

Преголемиот и премудар Туркменбаши доживува слична судбина како титовата, кому заклетвата "да са твога пута не скренемо" му ја раскурцаа уште Броз неизладен. Осум години откако се упокои Сапармурат Нијазов, Туркменистан и наследникот на неговиот трон се дрзнаа да му свртат грб и да се дистанцираат од неговото иделошко наследство. Убав повод да се потсетиме на нашиот омилен диктатор на сите времиња.

А ова е вашиот мозок на риба

Она што треба да го знаете за јадењето риба е дека "се важи" само ако таа е печена или подготвувана на скара, ако ја пржите се губи целиот ќар од неа.

Полнење мобилни од пикавци?

Научници од Јужна Кореја работат на проблемот со премногу пикавци. До сега се стигнати дека отпушоците можат да ги користат за полнење батерии за се и сешто.

Интервју со човек кој преживеал ебола

Заебана болештина е тоа. Почнува како обична треска за по неколку дена да прерасне во кататонички грчеви а пациентот крвари од очите и ректумот. Вирусот убива преку 90 проценти од заразените. Пар зборови со еден од оние кои куртулиле.

Што ќе јаде Русија?

Санкциите што Русија ги воведе на Западот, ќе влијаат на 10% од снабденоста на Русија со свинско, риба и овошје, барем според министерот за земјоделие. Од друга страна, според официјални бројки Русија минатата година увезе храна во вредност од околу 43 милијарди долари, третина од вкупната потрошувачка.

За 10 години човек од Хелсинки ќе нема потреба од свој автомобил

Доколку градот успее да го оствари својот план, до 2025-та година Во Хелсинки би требало да заживее системот 'мобилност на барање' кој целосно би ја укинал потребата на граѓаните да поседуваат автомобил.

Необјаснивата фабрика за пари на АОЛ

За вториот квартал на 2014-та, АОЛ имаше поголеми приходи и профит од очекувањата на Вол Стрит. И годинава луѓето што прават пари не можат да поверуваат како овие од АОЛ прават пари.

За идните невработени генерации

Ако училиштата не се променат сериозно, во однос на тоа како и што предаваат, роботите ќе ги преземат сите работни позиции кои до сега ги држеше средната класа, што последователно ќе доведе до создавање на "перманента подкласа."

Кој има авторско право ако фотографот е мајмун

Ако Енди Ворхол направил фотографија на конзерва со Камбел супа, тогаш чии се авторските права: на Ворхол, на производителот на супата или по пола? А што ако мајмун ти го земе апаратот и направи селфи?

Од бојното поле Епл - Самсунг

Битката меѓу технолошките гиганти почнува да наликува на бескрајниот израелско- палестински конфликт. Има два нови интересни момента: а) Епл направи дупка во бизнисот на Самсунг вредна речиси една милијарда долари и б) Завојуваните страни прогласија примирје надвор од САД.

Бандите што го наследија Ескобар

Меделин моментално го живее еден од најмирните периоди во поновата историја, не затоа што по смртта на Ескобар нема нарко-картели во градот, туку затоа што босовите сфатија дека меѓусебните војни се лоши за бизнисот.

За фер приемни, цел Узбекистан без интернет

Минатиот петок во Узбекистан целиот интернет и СМС сообраќај беше стопиран во периодот од 8:30 до 13:00 часот. Властите објаснуваат дека станува збор за "итна интервенција на телекомуникациските мрежи." Сè што не е Влада, прашува - како четврта година по ред итните поправки ви се погаѓаат на денот на приемните испити.