Официјално Русите целата ситуација релативизираат по основа дека санкциите се одлични за локалниот бизнис. Ваквиот став е поддржан и од реакцијата на берзите каде акциите на руските трговци со морска храна веднаш пораснаа, за сметка на акции на норвешките рибарски компании.
Уште пред воведувањето на возвратните санкции Русите зад сцена почнаа да формираат сопствена алијанса за покривање на минусот:
- Белорусија и Казахстан како партнери од ЕвроАзиската Унија несомнено ќе ја одиграат својата улога во олеснување на ситуацијата.
- Овошјето Русите ќе го надоместат со зголемен увоз од Турција.
- Бразилците треба да го заменат пилешкото што до сега доаѓаше од Америка, а според бразилските фармерите се очекува 4-кратен раст на извозот во Русија.
- Русите по брза постапка на Чилеанците ќе им испратат дозволи за увоз на риба.
- Во исто време аргентинските фармери се трудат да ја кренат официјалната забрана на земјата за извоз на говедско, и да влезат на рускиот пазар.
- Иако Јапонија, Нов Зеланд и Швајцарија беа дел од западните држави кои воведоа санкции, тие не беа на листата на контра-санкции. Сепак ниту една од овие три држави не е голем извозник на храна во Русија.
И покрај обидите на Русија за амортизирање на проблемот, инвеститорите не се уверени дека замената на увозниците ќе мине безболно. Па по првиот ден од контра-санкциите акциите на руските синџири на супермаркети паднаа за неколку проценти.
Да не биде бркање стереотипи, ама во сите санкции и контра-санкции, по ниту една основа не беше забранет увозот или извозот на алкохолни пијалаци во Русија.