Кој има авторско право ако фотографот е мајмун

Ако Енди Ворхол направил фотографија на конзерва со Камбел супа, тогаш чии се авторските права: на Ворхол, на производителот на супата или по пола? А што ако мајмун ти го земе апаратот и направи селфи?

Последниов конфликт го имаат фондацијата Викимедија и фотографот Дејвид Слајтер. На вториов во 2011-та во џунглите на Индонезија мајмун му го зема апаратот и прави дузина матни фотки, меѓу кои и неколку селфија.

Викимедија ја зема сликата и ја објавува во својата колекција на фотографии, кои се бесплатни за користење за секого (во колекцијата има 22 милиони фотографии и видеа).

Слејтер се вади од памет и бара тие под итно да ја тргнат фотографијата, по основа дека "му ги загрозуваат приходите." Ставот на Викимедија е дека автор на фотографијата е мајмунот кој го шкрапнал апаратот, и заради тоа Слејтер нема што да се буни и да бара пари за фотка која тој не ја направил.

"Фотографирано од макаки во Сулавеси, со апаратот на Дејвид Слејтер. Бидејќи делото не е креирано од човечки автор, тоа не подлежи на авторски права во САД. Не-луѓето не можат да поседуваат авторски права. Овој фајл не одговара за авторски права и затоа е во јавен домен, бидејќи комплетно е составен од информација која е општа сопственост и нема никакво оригинално авторство," пишува на сајтот на Викимедија, во легендата на фотографијата.

7 август 2014 - 11:10