Крлежот што те тера да станеш вегетаријанец

Во изминатиов период американските доктори кај своите пациенти забележуваат неочекуван скок на алергија на месо. Заедничко за сите е што секој од нив бил каснат од посебен вид на крлеж.

Крлежот моментално го има низ југот на САД и источниот брег, а докторите го вбројуваат во иста група со крлежи кои веќе некое време ја шират оваа алергија низ Австралија, Франција, Германија, Шпанија, Јапонија и Кореја.

Докторите објаснуваат дека овие крлежи се хранат со тип на шеќер кој го нема во човечкиот организам, алфа-гал. Овој шеќер се внесува преку црвено месо - телешко, свинско... - и некои млечни производи. Луѓето немаат никаков проблем со негово варење.

Меѓутоа, гриз од крлежот активира имунитетен одговор, и во оваа панична состојба организмот го перципира шеќерот (што крлежот го пренел во крвотокот на човекот) како штетна супстанца и прави анти-тела за него. Ова пак се претвора во алергиска реакција следниот пат кога човекот ќе внесе шеќер.

За сега докторите знаат дека првите реакции се појавуваат во рок од 8 часа, а главен причинител за тоа е шеќерот (тип на јагленхидрат), додека најголемиот дел од алергиите се предизвикани од протеини. Она што не го знаат е дали алергијата е трајна.

11 август 2014 - 12:52