Кампањата ќе трае една година, а целта е чисто "да се збогати квалитетот и бројот на статии во ерменската (верзија на) Википедија, и обид за вклучување на повеќе Ерменци во Вики-сферата, како и заедничко создавање на содржини на ерменски јазик кои треба да одговараат на ерменското наследство и предизвиците на модерниот свет."
Од британското претставништвото на Викимедија, објаснуваат дека ова не е прв пат да се организира ваква групна акција, меѓутоа од бројките што тие до сега ги имаат, тоа никогаш не било на вака масовно ниво.
Ерменците и до сега имаа доста силна верзија, со околу 124.000 статии и над 30.000 корисници. Ова не е ништо во споредба со англиската верзија (4,5 милиони статии), ама сепак е пред верзијата на Хинду со 113.000 статии или на грчки јазик со 106.000 статии. (Македонската има 77 илјади статии со околу 50.000 корисници, Бугарите имаат 164.000 статии, Србите 250.000 (и уште 209.000 на српско-хрватски), на Албански се 51 илјада.)
Забелешката на луѓето од Викимедија е дека Ерменците имаат грешка во целиот концепт, односно дека пишувањето на Википедија на еден јазик, нема многу да помогне во зачувувањето на културата и наследството.
Од целата кампања најголем проблем за Википедија ќе биде модерирањето на статијата за турскиот геноцид врз Ерменците, дали се случил или не.