- „Голем срам за оние што тврдат дека го почитуваат „владеењето на правото“ и ги штитат човековите права е тоа што молчат пред гнасни злосторства, како нападот од САД и Израел, објави Министерството за надворешни работи на Иран.
- Портпаролот Есмаил Багаи предупреди дека војната е „невиден ризик за мирот во светот“.
- Багаи ги осуди и бруталните израелски напади врз цели во јужен Либан и предградијата на Бејрут.
- „Тоа е грубо загрозување на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Либан од страна на Израел и отворено прекршување на договорот за прекин на огнот од ноември 2024 година“, изјави портпаролот.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.