- Стотици илјади патници се заглавени а клучните воздушни центри на Блискиот Исток се затворени поради американско-израелските напади врз Иран.
- Главните аеродроми на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Дубаи - најпрометниот меѓународен авио центар во светот - се затворени трет ден по ред а изгледите за нивно отворање се неизвесни ако се знае дека Трамп најави дека операциите може да траат уште четири недели.
- Платформата за следење FlightAware покажува дека речиси 2.800 летови беа откажани во саботата, а 3.156 во неделата.
- Додека рајата се тиска, ултрабогатите најдоа алтернативен пат надвор од Блискиот Исток. „Саудиска Арабија е единствената вистинска опција за луѓето кои сакаат веднаш да го напуштат регионот“, изјави Амир Наран, извршен директор на брокерската куќа за приватни авиони „Вимана Прајват“.
- Цената на приватните летови од Ријад до Европа се околу 350.000 долари.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.