Епл и Самсунг се договорија да ги повлечат сите меѓусебни судски тужби надвор од Америка. А се тужат на сите страни, по разни основи, главно за крадење патенти.
Меѓусебни спорови имаат во 9 земји, вклучувајќи ја Британија, Јужна Кореја, Јапонија и Германија.
Во САД ќе ги довршат започнатите случаи. Војната започна во 2011-та кога Епл го обвини Самсунг дека копирал решенија од Ајфонот и Ајпадот, особено во врска со "slide to unlock" функцијата, синхронизирањето мултимедијални содржини и праќањето видео материјали преку интернет.
Компанијата на Џобс досега имаше неколку победи на американска почва но отштетите не беа високи колку што очекуваа.
За дупката во бизнисот: До скоро Епл беше најголемиот купувач на Самсунг во делот на производство на чипови (Епл ќе дизајнира чип користејќи ја архитектурата на британската ARM па Самсунг ќе ги произведе). Сега се вртата кон тајванскиот TSMC од кого ќе ги набавуваат овие делови за своите уреди. Од овој потег се очекува намалување кај приходната страна на Самсунг од 851 милион долари.