Корејците успеале да ги трансформираат отпушоците (кои се токсични и штетни за околината) во материјал кој е способен за задржување и складирање енергија, која потоа би можела да се користи за полнење на се' од мобилни телефони до електрични автомобили.
"Нашето истражување покажа дека филтрите од цигари во еден чекор може да бидат трансформирани во материјал базиран на карбон, кој има високи перформанси, и кој истовремено нуди зелени решенија за енергетските потреби на општеството," изјавил во интервјуто за журналот Нанотехнологија, професорот на Националниот Универзитет на Сеул, Џонгхеоп Ји.
Крајниот резултат од овој процес е суперкондензатор, за кој научниците тврдат дека побрзо се полни и трае подолго отколку достапните алтернативи.
"Карбонот е еден од материјалите кои најмногу ветуваат за создавањето на суперкондензатори, заради нискиот трошок, високата порозност, електронската спроводливост и стабилноста," објаснува професорот.
Според американски бројки, годишно во светот пикавците создаваат над 765.000 тони отпад.