Ваквите перформанси Северот уште на времето ги има преземено од кинеската армија, кои пак ги наследуваат од панаѓурите низ земјата каде традиционално се правеле демонстрации на вушу. (Денес, вушу шоуто обично е придружено со кратка операта, малку стенд-ап, говор на неколку локални функционери, спомнување на сите спонзори и малку техно.)
Разликата е што Кинезите веќе некое време се откажаа од овие "престави" затоа што кинеските генерали признаа дека "кршењето цигли со глава нема никаква употреба на военото поле."
Што се однесува до самото видео, сите изведби во него се крајно реални и не се ни најмалку за потценување. Лепезата на потези се движи од кршење секакви камења на и по тебе, до удирање со секира во стомак.
Објаснувањето за издржливоста е во техниката за зацврстување на телото, која е една од основите на азиските боречки вештини. Ова вклучува континуирано долгорочно удирање на одредени делови на телото се додека таму не се умртват нервите и да не чувствуваш болка.