Кјуб има широки леќи од 124 степени, снима ХД видео од 1080 пиксели, отпорно е на вода и на удари (до некаде), што го прави алтернатива на ГоПро. Целиот материјал го снима на микроСД картички, а со едно полнење може да сними 90 минути видео.
Ако ви треба за инстантно придржување, на дното има магнет со кој можете да го залепите на железо. Освен магнетот има и неколку додатоци и каиши за посериозно закачување, на подвижни и неподвижни објекти (од велосипед, до кацига, автомобил, троножец...).
Целата коцка е висока само 3,5 сантиметри, а во претпродажба цената му е 100 долари.
Премиерата ќе му биде кон крајот на септември.