Необјаснивата фабрика за пари на АОЛ

За вториот квартал на 2014-та, АОЛ имаше поголеми приходи и профит од очекувањата на Вол Стрит. И годинава луѓето што прават пари не можат да поверуваат како овие од АОЛ прават пари.

Луѓето кои пред една деценија почнале на АОЛ да му плаќаат месечна претплата за интернет, продолжуваат да плаќаат за интернет, и покрај тоа што најверојатно повеќе не добиваат интернет пристап од АОЛ.

Според малкуте податоци што ги пушта АОЛ, нивниот бизнис од претплатници генерирал 143 милиони долари во "прилагоден ОИБДА" (Operating income before depreciation and amortization). Остатокот од компанијата од прилагоден ОИБДА генерирал 121 милион долари.

Објаснувањето за ова е што АОЛ за последниот квартал има 2,34 милиони претплатници. На почетокот од 2011-та бројот е 3,62 милиони. Разликата во приходи заради намалениот број на претплатници, АОЛ ја покрива со тоа што претплатата на овие 2,3 милиони ја крева на 20,86 долари од 18 долари пред неколку месеци.

 

7 август 2014 - 14:34