Во јануари 1999,. извесна компанија MIS International не прави никаков профит а акцијата ѝ е 50 центи. Повлекува само еден потег, се преименува во Cosmoz.com, со што ги емитува своите амбиции кон тогаш растечката дигитална економија. Акциите веднаш скокаат на 5 долари за подоцна да се стабилизираат на одлични два.
За истражувачите кои го проучувале овој феномен, ваквите наоди се зачудувачки, бидејќи значат дека компаниите кои во вистинско време ќе го сменат името ( и притоа не направат ништо друго) можат да сметаат на долгорочен бенефит.
Во 2001-ва, кога се собираат остатоците од распуканиот дотком бизнис, тројца професори од Пердју Универзитет публикуваат студија за судбините на 95 компании кои додале ".com," ".net," или "Internet" на имињата на нивните фирми за време на манијата. Во просек, акциите на овие фирми (споредено 5 дена пред промената со 5 дена по промената) пораснале за 74 проценти. И не се вратиле на претходното ниво.
Но, тука не е крај на приказната за промена на името.
Во средината на првата деценија од овој век, фирмите почнуваат да го вадат точка ком од имињата, за да се дистанцираат од сомнителниот интернет бизнис модел. Овој обратен процес го следи една друга студија во чиј фокус биле 67 компании кои го смениле името. Во просек, акциите им пораснале за 64 проценти. Како и во првата студија, и овде позитивниот ефект бил долготраен. Седум од овие 67 фирми, освен името го смениле и својот интернет бизнис модел, а останатите, само името. Горе -долу, и едните и другите наишле на ист ефект.
Анегдотска е ситуацијата во 20-тите години на минатиот век (време кога главен хит во бизнисот е авиособрааќајот), кога инвеститори дебело се залетуваат купувајќи акции на компанијата наречена Seaboard Airlines; за дури отпосле да разберат дека оваа компанија всушност работи со железница.