Секоја година приемниот го полагаат околу 430.000 Узбекистанци, за кои има само 56.000 места на факултетите.
Ваквиот размер е причина за развивање на цела култура на препишување и поткупување околу тестовите. До сега во извештаите од испитите има:
- падобранци - кои своите тестови ги фрлаат преку прозорот на училницата, каде што пријателите им ги пополнуваат со точните одговори.
- бункери - тајни простории во училиштата во кои тестовите се коригираат пред да бидат оценети.
- користење најразлична технологија за добивање на точните одговори.
Токму последната точка се претпоставува дека е причината зошто владата се одлучува за (технички) најрадикално решение, и секоја година за време на испитите од бушон го гаси интернетот.
И годинава, часовите во кои официјално трае поправката на телекомуникациските мрежи, речиси до минута поклопува со времето во кое се одржува приемниот за факултетите.
Според извештајот на локалното радио Слобода, во петокот на најголемиот пазар за електроника во Ташкент, бил истакнат голем плакат:
"Одете на испит само со пенкало. Немаме веќе мини-телефони, користете ја сопствената глава на испитите."