Таг: узбекистан

Нереална фудбалска сцена од Узбекистан

Клипов го гледавме повеќе пати, затоа што на прва збунува, иако и понатаму може ќе останете со по некој прашалник. Овие 10 секунди се случуваат сега и повеќе никогаш во ниту еден спорт. Тој што паѓа се вика Мухамедкарим Тоиров, а клубот е ФК Андијан. И тоа се работи за прва лига.

Узбекистанецот кој играше со Пандев, сега треба да блесне во Рома кај Мурињо

Ова е приказна за најегзотичниот трансфер летово. Висок центарфор откако научил како се жртвува јаре во Узбекистан, па преку Ростов на Дон стигна до Џенова, сега ќе го води нападот на Рома кој е голема одговорност. Го планираат за наследник на Џеко.

Дивјачки напад врз судија во Узбекистан

Вакви сцени за среќа веќе одамна нема во нашите балкански трети, четврти лиги каде обично на судиите пред да гостуваат им фрлаа водичка за среќа. На решавачкиот меч за пласман во прва лига на Узбекистан меѓу Нефтчи и Туран се случил варварски напад на судијата кого стотина морони го бркаат и тепаат по теренот небаре е волк кој дошол да им ги краде овците во село.

Узбекистан, ковид енд травел

Поранешната советска република ветува дека ќе му плати 3.000 долари на секој турист кој ќе дојде на одмор во земјата и не дај боже ќе се зарази со коронавирус додека е таму.

Дибек

Во првенството за мал фудбал во Западен Сибир, на мечот Курган - Вираж, гостинскиот фудбалер Сархан Микаилов ја замени улогата на најголемиот ривал на Попај морнарот.

Кога САД слегна со рамења на 1.000 жртви

Пред точно десет години, во долината Фергана во Узбекистан, маса народ се собра за да протестира заради апсења и насилство од државната полиција. Властите тогаш убиле најмалку 1.000 луѓе - но бројката не е баш јасна, затоа што тогашнaта американска врхушка на чело со Доналд Рамсфелд се спротивставила на истрагата. Причина: Узбекистан им бил партнер во борбата против тероризмот.

За фер приемни, цел Узбекистан без интернет

Минатиот петок во Узбекистан целиот интернет и СМС сообраќај беше стопиран во периодот од 8:30 до 13:00 часот. Властите објаснуваат дека станува збор за "итна интервенција на телекомуникациските мрежи." Сè што не е Влада, прашува - како четврта година по ред итните поправки ви се погаѓаат на денот на приемните испити.