Вести

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Денес се зборува за демократијата на речиси ист начин како што средновековните теолози зборувале за природниот поредок на светот. Како отсекогаш да постоела и како да ќе постои засекогаш. Но, што Фукујама предвреме прогласи фајронт на историјата? Што ако либералната демократија е беше политички одговор на свет кој веќе не постои? 

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

После серија брутални силувања и сексуални напади извршени од страна на баратели на азил, британското министерство за внатрешни работи процени дека е корисно на тие луѓе да им се испечати упатство за однесување во кое се наведува дека жени не треба да се силуваат, да им се ш'цка и да им се праќаат кисчиња. Овие сега ќе седнат, ќе ги прочитаат тие упатства и островот повторно ќе живее мирен и спокоен живот.  

Грција станува израелски сателит

„Трансформацијата на Грција во израелски сателит се одвива со вртоглава брзина. Ова е лош знак за повеќето Грци, за мирот во нашиот регион и за Европа и Западна Азија пошироко. Мора да се спротивставиме на тоа“, напиша Јанис Варуфакис. Освен мирот и безбедноста, Грците ги секира и тоа што кириите се качуваат затоа што Израелци масовно купуваат имот во нивната земја.

Речник

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Зошто би бранел човек обвинет за убиство?

Прашањето не е поставено како филозофска дилема, туку чисто професионално. Одговараат тројцата најпознати адвокати во Србија, кои досега создале прилично обемно портфолио на темата бранење луѓе обвинети за убиство.

Европските демократии и стапицата на референдумот

Веќе неколку месеци низ Европа никнуваат референдуми. Во Британија, за напуштање на ЕУ. Во Унгарија, против квотите за бегалци на ЕУ. Во Холандија, за договорот на ЕУ со Украина. Сега во Италија ќе се гласа за измена на Уставот.

Американските медиуми станаа "машина за перење информации"

Се потенка и порозна станува границата меѓу информациите објавени од меинстрим медиумите и лажните вести, порача Стујарт на конференцијата организирана од Њујорк Тајмс.

Конечно добра за иднината на човештвото

Најновите истражувања на телевизиските рејтинзи во Велика Британија покажаа дека повеќе млади ја гледаат серијата Planet Earth 2 отколку Икс фактор.

Берни Сандерс: А сега каде?

Во Вашингтон како да експлодирала бомба. За помалку од една година, лидерите на двете најголеми партии се судрија, фундаментално преобликувајќи ја политичката култура што со генерации се чинеше непроменлива. Катастрофалниот пораз на Хилари Клинтон ги остави малцинството демократи во хаос. Зад сцената веќе се одвива битка за душата на оваа опозициска партија.

Увезувањето на „поцивилизирана“ Европа не е решение за Балканот

Држењето до митот за развиена, цивилизирана и напредна Европа не може да му понуди на Балканот решение за проблемите, од едноставна причина што таа и ги има создадено, и продолжува да репродуцира голем број од нив.

Кога паѓаат генерали и министри

Една од ретките работи околу кои се согласуваат Путин и остатокот од меѓународната заедница е дека Русија има проблем со системска корупција. Во 2012, пред избори тој вети крупни државни реформи против корупцијата. На година и пол пред следните претседателски избори, Путин почна со ловот на „крупен дивеч“.

Шетај го Лондон со бездомник

Секој може да те прошета низ Лондон, ама не секој може да ти го покаже Лондон од перспектива на бездомник, кој како таков има прилично шпартано по градот.

Сирачето Европа

Европската Унија ја прокоцка шансата да биде рамноправен партнер на САД, Русија и Кина, и се научи на улогата на американски потрчко. По победата на Трамп, кога мора да почне да мисли со сопствена глава, таа покажува потполна дезориентираност.

Од внук му на Ањели нема да биде Ањели

Во Њујорк поради лажирање на сопственото киднапирање, со цел да изнуди пари од родени татко и мајка за да го плати својот цех кај проститутка и наркодилер, уапсен е 38-годишниот Лапо Елкан, приватно денгуба, професионално внук на Џани Ањели, основачот на Фиат.

Фидел Кастро му е татко на канадскиот премиер. Точка.

Познато е дека Кастро бил стар семеен пријател со Пјер и Маргарет Трудо, родителите на актуелниот канадски премиер. Но фрапантната сличност меѓу Фидел и Џастин покрена лавина приказни дека таа блискост во некој момент била претерана. Што има да читате понатаму, ќе кажете: „Tатко му е бе, видов на интернет“.

Колку се стабилни демократиите?

Јаша Моунк е предавач на Харвард, кој има проблем со една од најосновните претпоставки на западната политика, дека „кога еднаш земјата ќе стане либерална демократија, таа ќе остане таква“, односно дека либералната демократија е хепиендот за секоја држава. Проблемот станува поизразит како што тој почнува подетално да го истражува.

Предраг Луциќ: Југославија беше нашата ЕУ

Нашите националисти најмногу ги жести фактот дека меѓу земјите од поранешна Југославија, и покрај сè, сè уште има силни културни врски. Ги жести затоа што нашите локални бардови можат да бидат големи само во вакви затворени средини и што својата меѓународна кариера можат да ја остварат само во земјите на поранешна Југославија. Покрај тоа, националистите заемно се привлекуваат, знаете; многу се сердаризираат и се војводизираат; и тоа ви е некој посебен вид еротика...

Трамп, Змејот и Минотаурот

Ако има нешто што Доналд Трамп го разбира, тоа е вредноста на банкротирањето и финансиското рециклирање. Знае сè што треба за стратешки банкрот, по кој следува масовно отпишување на долговите и создавање имот од сопствени задолжувања. Меѓутоа дали тој ја разбира суштинската разлика меѓу долг на градежник и долг на огромна економија? Дали тој разбира дека приватниот долг во Кина е буре барут под глобалната економија?

Германската влада стана пребирлива кој сè може да убива со нивно оружје

Германскиот производител на оружје Хеклер и Кох повеќе нема да потпишува договори за испорака на оружје на земји што не се членки на НАТО, а и на некои што се.

Венецуела почна да ги мери парите на кило

До крајот на годината инфлацијата во Венецуела се очекува да стигне до „нема потреба да ги бројам, стави ги парите на вага“ нивoa.

Смартфон во раце на Трамп (по дефиниција) е опасна работа

Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.

Кешот е утепувачка

Индискиот премиер реши да ги повлече двете најчести банкноти во земјата, со што предизвика трговски колапс во државата во која 90% од трансакциите се извршуваат во кеш. Наместо да отстапи, тој порача дека сега му е мајката да се фати чекор со светот.

Кога науката кажува слатки приказни

За да се задржи нивото на потрошувачката на шеќер, индустријата платила научен развој на вакцина против расипување заби. Тие што слепо ѝ верувале на таквата наука останаа и без вакцина и без заби.

Марокански совети за тепани жени

Државната телевизија на Мароко во една од своите општествено корисни програми демонстрираше "како жените да ги покријат модриците со шминка и да продолжат со секојдневниот живот." Реакцијата на емисијата беше баш како што ја замислувате.

Лекција по Кастро за Бибиси

Новинарка на Бибиси по повод смртта на Кастро разговара со експерт на тема Куба. Разговорот го почнува со веќе спремната компилација "диктатор, човекови права, прогон, слобода на говор" и слични клучни зборови што стандардно го проследуваат Кастро во западните медиуми.

Не ви е Фејсбук крив за Трамп

Треба да се разјасни дека Фејсбук не ги реши изборите, и Трамп нема да биде следниот претседател на САД заради неговата способност да се расправа со медиуми и славни личности на Твитер, пишуваат Кит Хемптон и Езтер Харгитаи во Хил.

Што интересен термин: Западна пролет

По арапската доаѓа време и за западна пролет, сметаат аналитичари во време во кое сè уште не може да се дижестира победата на Трамп и што таа значи за слободарскиот западен свет каков што досега го знаевме. Кованицата допрва почнува да се формира и полни со содржина но, се тркала наоколу....

Кратка Фејсбук вирус приказна

Доброто е што според последните искуства ако некој што одамна (или никогаш) не ви пишал одеднаш ви прати слика на Месинџер на Фејсбук, веројатно не планира да ви продаде осигурување. Лошото е што најверојатно сликата ќе ви го зарази компјутерот.