Компанијата Unseen Tours веќе неколку години организира тури низ Лондон предводени од автентични лондонски бездомници со неколкугодишен стаж на улица. Освен егзотичната понуда, целиот бизнис има и одреден социјален момент затоа што им помага на бездомниците да се вратат во општеството со тоа што "ова е првото скалило кон идното нивно вработување".
Покрај регуларните тури на најголемите знаменитости низ градот, водичот ги шета туристите и во реонот низ кој најчесто "патролира", што најчесто значи по споредни улички, паркови и населби, кои не се поминуваат на стандардните тури.
Турата чини 5 фунти од човек, а од парите што ги плаќаш 60% одат за водичот, додека останатите се за фирмата што ја води целата операција.