Потегот на Елкан следувал по 2-дневна серија низ Њујорк на погон од дрога и алкохол, придружуван од ескорт-девојка. Тој сковал план и за време на викендот го контактирал сопственото семејство тврдејќи дека го држат против негова волја и дека човекот што го киднапирал е подготвен да го повреди ако не му исплатат 10.000 долари.
Според официјалната приказна, Елкан стигнал во Њујорк за Денот на благодарноста и ја контактирал ескорт-девојката. Се сретнале во нејзиниот стан во Менхетен, каде што два дена биле на кокаин и марихуана.
Откако снемало пари, тој се задолжува кај ескортот за да купи уште дрога. Тогаш му текнува дека измисли киднапирање и да апелира до своите да му пуштат пари.
Претставник на семејството ја организира испораката на пари, ама во исто време за тоа ја информира и полицијата, па кога Елкан и ескорт-девојката се појавуваат да ги земат парите и двајцата се уапсени.
Дечкото во 2005 за малку ќе умреше од предозирање од кокаин и хероин во станот на една 53-годишна проститутка во Торино.