Зошто би бранел човек обвинет за убиство?

Прашањето не е поставено како филозофска дилема, туку чисто професионално. Одговараат тројцата најпознати адвокати во Србија, кои досега создале прилично обемно портфолио на темата бранење луѓе обвинети за убиство.

Разговорот е со Драган Палибрк, Боривоје Боровиќ и Зора Добричанин. Првиот се решава на кривично право и конкретно бранење на обвинетите за убиство откако како студент гледа една трибина на која учествува Тома Фила. Мотивот на Боровиќ е што оваа гранка е покомплексна од граѓанското право, а и тој се смета за „вечен опозиционер што цело време е со кренат гард“. Добричанин почнува затоа што го сака кривичното право, а не заради „пари и слава“, што според неа доаѓа подоцна како награда за вложениот труд.

Како можеш да браниш човек што извршил убиство?

Драган Палибрк:
- Истово прашање ми го поставува жена ми. Јас комплетно го разбирам гневот на луѓето, меѓутоа тоа никогаш не ме спречило работата да ја завршам на најдобар можен начин. Никогаш не го бранам делото, не го бранам убиството, го бранам човекот. Ги бранам неговите права, кои не ги доделувам јас, туку законите. Како човек би бил многу понеморален кога на човек што дошол и ми ја укажал неговата доверба, би му го свртел грбот, а тој против себе ја има државата, јавното мислење и медиумите. Мислам дека секој има право на одбрана.

 

Зора Добричанин:
Гледај го тоа на поинаков начин: против обвинетиот на располагање е целиот систем. Од полиција, обвинителство, медиуми, сведоци, соработници, заштитени сведоци... а обвинетиот ме има само мене. Најлесно е кога се бориш против докази и факти, односно дали се собрани на законски начин. Ако доказите се неспорни и легално собрани, мојот простор за маневар е многу мал. Тогаш се борам само за олеснителни околности. Меѓутоа мојата најголема борба секогаш е против незаконски собраните докази.

 

Боривоје Боровиќ:
- Кон крајот на осумдесеттите, а посебно во текот на деведесеттите имаше многу случаи на убиство и многу монтирани процеси. На пример, обидот за убиство е на некој од луѓето на Марко Милошевиќ, па они ќе ја обвинат спротивната страна, која е оштетена, дека се обидела да го изврши убиството. Имаше огромна полициска тортура, и беа изнудувани изјави. Баш заради тоа решив да ги бранам и најтешките случаи, бидејќи во тоа време ретко кој адвокат се решаваше да застане наспроти државата. Подоцна увидов дека имам талент за тоа и само продолжив.

Тројцата имаат различни причини зошто би одбиле клиент, едниот тоа најчесто го прави заради презафатеност, вториот кога клиентот ќе почне да дека е попаметен од него, третиот не би ја бранел само криминалната група која за време на еден претходен случај го има нарачано неговото убиство.

2 декември 2016 - 14:24