Во емисијата на Ник Ферари, британски радио водител и колумнист на Сандеј Експрес:
"Победата на Трамп означува почеток на Западната пролет", смета аврстралискиот сенатор Малколм Робертс.
******
Како заврши египетската пролет?
Беше Мубарак, па дојде Морси и Муслиманското братство а потоа со помош на либералната и секуларна елита, влијателната египетска армија сето тоа брутално го задуши и од пролетта не остана ништо. И додека новите фараoни на Египет му се ситат на претходникот (деновиве осуден на смрт) силите на ИСИС си газат, освојувајќи територии источно од Каиро.
Објективноста умира во пролет
Откако Гадафи беше убиен како бубашваба а свргнатите режими не ги наследија баш демократски рози, BBC признава дека во известувањата за Арапската пролет малку претерале со својата еуфоричност.
Никого не го интересира Либија
Поранешните сојузници на Западот и луѓето кои ја спасуваа Либија од Гадафи, ја внесоа земјата во комплетен хаос за кој сега никој во светов не е ни најмалку заинтересиран, порачува Амнести интернешнл.
Дали е подобро откако го нема Садам?
Во интервју за СиЕнЕн, Тони Блер признава дека чувствува одговорност за состојбата во Ирак во 2015-та, и за појавата на ИСИС. Одговорност со амандман дека не е само тој виновен за тоа, дека работите секако оделе во тој правец, ем ИСИС се појавил во Сирија а на е во Ирак.
*******
Во врска со арапската пролет и голтањето на приказната дека Арапите ги заплиснува неизбежен бран слобода, посебно греота беа некои овдешни навивачки кругови кои своевремено ги беше зафатила еуфорија дека политичкиот полен од арапската пролет - по автоматизам - само што не паднал на наше тло.