По анализата на известувањата на BBC изработена од едн врвен експерт за комуникации на Обединетите Нации, корпоративните шефови на британската мрежа признаа дека нивните известувачи малку се занеле па за Арапската пролет испраќале не баш објективни извештаи.
Непридржување до строгите стандарди на BBC особено важи за известувањата од Либија каде новинарите уште на почетокот беа инкорпорирани во бунтовничките сили па заради тоа не успевале да водат сметка за балансирано и објективно известување.
"Занемарувањето на фактот дека секоја приказна има барем две страни секогаш е опасно по вистината," признаваат шефовите во BBC.
Во анализата посебно се критикува шефот на BBC за Средниот Исток Џереми Бауен кој промовирал недопустливи емотивни и еуфорични прилози кои форсирале само една страна од комплицираните арапски приказни. Притоа, недозволиво лесно и без неопходна проверка се користеле аматерски снимки од мобилни телефони кои ја спинувале вистината во еден правец.
Бауен сега трпи јавен укор бидејќи шефовите отворено му порачаа помалку да талка по Средниот Исток за да може малку потемелно да ги сфати политичките прилики и да понуди професионално водство на својата новинарска екипа.
Шефовите очекуваат од сите прозвани на есен да поднесат извештаи како го подобриле своето известување.