Културолошки и маркетиншки битната групација на луѓе од 16 до 34 години повеќе ја гледа документарната серија на Би-би-си отколку реалното шоу Икс фактор, кое досега беше неприкосновено во рејтинзите. Младите конечно ги претпочитаат убавините и чудата на оваа планета пред завивањето на пејачките аматери.
„Слушам дека повеќе нè гледаат отколку Икс фактор и тоа многу ме прави задоволен“, рече култниот натурист сер Дејвид Атенбороу, кој е наратор на документарецот.
Тој смета дека гледаноста на втората сезона на серијалот „Планетата Земја“ покажува дека младите почнуваат да сфаќаат дека нивната иднина неизбежно е поврзана со иднината на нашата околина.
Општ е впечатокот дека најновата серија на Би-би-си покажа вакви резултати поради импресивниот визуелен печат на проектот. Тој се должи и на напреднатите техники на снимање (се користат камери со далечинско и триста чуда), кои во конечниот резултат даваат неверојатно блиско и уверливо дружење со животните. Сето тоа придружено со одличната музика на Ханс Цимер.
Некои со право велат дека гледачот ја гледа двојката токму онака како што Господ би ја гледал планетава.
Би-би-си различни страни ја нарекувале ем „лево“, ем „десно“, ем „за војна“, ем „против војна“...
„Planet Earth 2“ ја товари Би-би-си со основано сомнение дека е - општо земено - најдобрата телевизија на светот.