Нарендра Моди предизвика хаос во земјата и протести на сите нивоа откако реши од оптек да ги повлече банкнотите од 500 и 1.000 рупија.
Со оглед на тоа дека овие две банкноти чинат 80% од хартиените пари што се во оптек, малата трговија во земјата доживеа вистински инфаркт.
Но наместо да отстапи, премиерот им порача да не бидат толку назад со материјалот:
„Сакам да им кажам на моите браќа и сестри трговци, ова е шанса да влезат во дигиталниот свет.“
Дополнително објасни дека и долгорочните намери му се просветителски, Индија да стане земја без старомодниот кеш.
Главната намена на повлекувањето на најчестите банкноти е сузбивање на црниот пазар, кој е поврзан со корупцијата, даночната евазија, но и со помагање на тероризмот.
Странски банки проценуваат дека 90% од сите трансаксции во земјата се одвиваат во кеш.