Еден од најдобро познатите производители на оружје, во иднина ќе го продава својот арсенал само на демократски држави без корупција, и кои се членки на НАТО или партнери на членки на НАТО. Една од главните причини зад одлуката е што компанијата веќе не може да се расправа со германската влада за добивање дозвола за извоз на оружје во земјите кои не ги исполнуваат горните критериуми.
Со воведувањето на новите правила, компанијата се откажува од продажби во Саудиска Арабија, Мексико, Бразил, Индија, ама и во НАТО членката Турција.
Хеклер и Кох се производители на автоматската пушка ХК416 со која беше убиен Осама бин Ладен, а моделот Г36 е стандардна пушка во повеќе армии низ светот.
Минатогодишната забрана од германската влада за извоз на оружје на Блискиот Исток предизвика 90% пад на оперативната заработувачка на компанијата во текот на минатата година. За ова Хеклер и Кох ја тужеше германската влада, бидејќи со одлуката се спречи испорака на оружје на Саудиска Арабија по договор одобрен во 2008.