Лекција по Кастро за Бибиси

Новинарка на Бибиси по повод смртта на Кастро разговара со експерт на тема Куба. Разговорот го почнува со веќе спремната компилација "диктатор, човекови права, прогон, слобода на говор" и слични клучни зборови што стандардно го проследуваат Кастро во западните медиуми.

За Кубанците во однос на состојбата во Куба, тамошниот систем и Кастро:
- Попрво би биле во кубански затвор отколку во Гвантанамо.

За тоа што, меѓу другите, Кастро вршел прогон на геј популацијата во Куба:
- Ако го земеш предвид времето кога ова се случува, малку која земја може да биде горда на своите постапки

Изгледаш ко да си му фан на Кастро?
Бев една од луѓето што постојано ги добива вестите (околу Куба) од медиумите, кои најчесто беа под влијание на ставовите што доаѓаа од Мајами. Бев крајно изненадена кога ја посетив Куба и таму ги немаше овие малтретирани и преплашени луѓе, тие го обожаваа и почитуваа Фидел Кастро, секако не сите од нив, ама и тие што го критикуваа не го мразеа, туку мислеа дека е добронамерен и со голем интегритет. Мислам дека сме изложени на дезинформации од малубројно малцинство во Флорида кои денес доминираа во медиумите и во изминатите 50 години.

Сакаш да кажеш дека е ОК тоа што го правел Кастро со политичките затвореници и геј популацијата (второто се повторува иако погоре беше објаснето)?
- ... мислам дека ако ја гледаш Америка преку истиот објектив, ќе имаш куп криминал кој далеку надминува се што направил Фидел Кастро.

Жената карши новинарката на Бибиси е професорка на Универзитетот Саутемптон која со години ја истражува и анализира Куба. Ова е видеото од целиот разговор:
 

 

28 ноември 2016 - 11:58