Сегментот беше прикажан за време на една дневна програма на Канал 2М, во која шминкерка демонстрираше како да се маскираат трагите од тепање на жена со потечено лице, прекриено со лажни модри и црни модрици.
"Се надеваме дека овие совети ќе ти помогнат да продолжиш со својот секојдневен живот," порачува водителката на крај од сегментот кој се емитуваше на 23 ноември, на две дена пред Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените.
Како што пишува Гардијан "реакцијата беше инстантна и гневна." Стотици жени потпишаа петиција во која бараа извинување и санкции против телевизиската станица.
По започнувањето на скандалот, телевизијата го избриша видеото, и објави "појаснување" на својата Фејсбук страна, порачувајќи дека сегментот бил "комплетно не соодветен и дека станува збор за уредничка погрешна проценка во однос на чувствителноста и тежината на проблемот со насилството против жените."