Вести

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

И неа ли сега да ја мислиме?

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Речник

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Ничие верување не треба да биде заштитено од навреди

Тажни се овие времиња штом нечии повредени чувства станаа предмет на работа на законодавците, пишува Кенан Малик во колумната за Гардијан.

Поместувањето на времето ја подели ЕУ

Европа денес за последен или претпоследен пат ги поместува часовниците бидејќи сѐ поголем е притисокот да се укине глупиот ритуал на менување на времето два пати годишно со кој ни енергија заштедивме ни бутур. Проблем е што секоја од 28-те членки на Унијата, проблемот го гледа со различно светло.

100-те омилени филмови на Куросава

За култниот јапонски режисер, Френсис Форд Копола има кажано: „Она што го разликува Куросава од сите други е што тој нема направено едно или две ремек дела. Тој има направено осум!“

Хабл се тресе у ладен простор

Старите аналогни часовници некогаш знаеја ничим изазвани да запрат да работат иако беа прописно курдисани. Понекогаш тој проблем знаеше да се реши со обично протресување. Ќе го протресеш саатот нервозно и ете ти ја стрелката од секундарникот, продолжува да врти ко ништо да не било. Исто чаре било и за Хабл, телескопот кој кошта речиси три милијарди долари.  

Екстерно за професори

За да ги зајакне образовните стандарди, канадската провинција Онтарио реши дека за да ја добијат потребната лиценца, кандидатите за наставници во иднина ќе мора да положат тест по математика. Базичен, најбазичен.

Како Стивен Фрај ги натера Ирците на референдум

Фрај во едно интервју од пред три години го нарече Господ „глупав, злобен и каприциозен“. Еве ги денес Ирците, се изјаснуваат по тоа прашање.

Сан Франциско ја покажува иднината на капитализмот

„Нешто овде ќе експлодира и тоа најверојатно ќе биде општеството,“ пишува Вајс опишувајќи го градот кој пука по шавовите, со огромни економски нееднакости, енормно големи кирии a вработени наставници кои се бездомници.

Берлин го порази Гугл

Гугл беа запнати да отвораат кампус во Берлин, локалците беа запнати да си го зачуваат раатот и комшилукот. Деновиве Гугл одлучи дека ќе продолжи да бара смештај на друго место.

Епл и Самсунг казнети заради намерно успорување на телефоните

Италијански суд ги казни првите со 10 а вторите со 5 милиони евра затоа што се докажа она што многумина и лаички го насетија: дека намерно се нудат апдејти кои ги забавуваат постарите телефони, само за да се натераат муштериите да купат нов модел. 

Речиси и нема кој не го прислушува Трамп

Секој пат кога Трамп ќе го крене приватниот мобилен за да се чуе со пријателите (да се пофали или да оговара), во разговорот има уште најмалку три пасивни страни: домашни шпиони, плус кинески и руски.

Меме за богаташите од Инстаграм

Богатите деца на Инстаграм решија своето богатство да го претворат во меме, објавувајќи фотографии од себе легнати на земја и опколени од најразлични луксузи.

Британската влада го забрани терминот „фејк њуз“

Затоа што англискиот јазик и онака е богат со соодветни зборови и фрази, нема никаква потреба од користење на омилениот термин на Трамп, посебно не во службени документи на британската влада.

Песимизам на денот: нема помирување околу длабоки несогласувања

Едноставните случаи на несогласувања би требало да се разрешат токму така - едноставно. Но што е со оние подлабоките? Наспроти сите заложби за „приближување на ставовите“, тоа во такви случаи едноставно не е можно.

Кина гледа, Русија вади

Најавата за американско повлекување од историскиот договор за контрола на вооружувањето со Русија нема многу врска ни со нуклеарното оружје ни со Москва. Кинезите имаа отидено многу напред и треба да се стигаат.

Филип Морис започна кампања против пушењето

Тобако гигантот најде начин како маркетиншки да се појави во услови кога постои глобална забрана за рекламирање цигари и пушење. Реклами непушење.

Може ли #MeToo да е компатибилен со шеријат?

На првата пушка на #MeToo, Алиса Милано, чие обвинение против Вајнстин за сексуално малтретирање го започна целиот бран на женско отворање и раатисување, и понатаму редовно и се трие од нос нејзиното пријателство за Линда Сарсур, половина активист за права на жените, половина поддржувач на шеријатот.

По 136 години платени комуналии за базиликата на Гауди

Зданието сред Барселона, чија градба по 136 години се уште не е завршена, исто така сето ова време терала како дивоградба без платени давачки.

Сибир како главна награда

За веројатно да покаже дека е факман за социјални медиуми, руски министер на Инстаграм понуди таинствена награда. После цела бука, испадна дека наградата е парче земја во вукојебина на истокот, земја која владата и онака ја дава бесплатно. За кршот да биде комплетен, наградата од министерот ја доби кутра девојка која веќе живее таму.

Заштита на приватност на домофон

Во Виена се почнува со бришење на имињата од домофоните и поштенските сандачиња во име на ГДПР законот за заштита на личните податоци и приватноста на граѓаните, па постепено сето ова фаќа да се тркала накај Германија каде добива на масовност.

Што па Гугл има направено за нас?

Користејќи ги услугите на големите технолошки компании ние во реално време произведуваме дел од нивниот капитал. Правата на сопственост врз тоа - за сите нас, наместо само за дел од нас - треба да бидат основа за универзален основен приход.

Кина пушта мост долг 55 километри

Само за да ни прават мака кога во кола кмишиме пред нашите мовчиња од по 40 метри кои се реновираат со месеци и ц'цкаме колку ѓубре има фрелно покрај пат. 

Рајанер предвидува лоша зима за летање

Неколку европски нискобуџетни авиопревозници затворија дуќан а најголемиот од нив, Рајанер, ќе мора да ги ревидира бројките со кои ќе ја заврши оваа година. Што заради цената на горивото, што заради синдикални протести.

Француските професори буквално на нишан

Откако Франција беше извадена од памет од видеото со средношколец како со пиштол и се заканува и ѝ мавта пред очи на својата професорка, обидот за смирување на јавноста се сведе на - се шегуваше младичот.

Движењето Пет ѕвезди во Рим не е ни блиску до пет ѕвезди

Од улици начичкани со преполни контејнери, до кратери на улиците и автобуси што експлодираат, на локалните власти во Рим последно нешто што им е на список проблеми е да се објаснуват дали се „популисти“ или не.