Работата на објектот почнува во 1882, и се до пред некој ден градбата тера без да добие каква било дозвола од локалните власти. Сето ова е средено деновиве откако луѓето што управуваат со базиликата се договорија со градските власти да платат 36 милиони евра за покривање на сите трошоци направени низ децениите градба.
Договарањето меѓу двете страни траело повеќе од 2 години, а парите ќе бидат исплатени во период од 10 години. Од нив 22 милиона евра одат за јавниот превоз во градот, 7 милиони евра за подобар пристап до метро системот, 4 милиони евра за унапредување и развој на улиците околу базиликата и 3 милиони евра за одржување на улици и безбедност.
За возврат властите ќе ја официјализираат градбата и нејзиниот дизајн, и ќе им издадат тапија на сопствениците.
Моментално, завршени се околу 70% од базиликата, а комплетниот проект се очекува да биде комплетиран до 2026, 100-годишнината од смртта на Гауди (кој загинува откако е удрен од трамвај).