Кина гледа, Русија вади

Најавата за американско повлекување од историскиот договор за контрола на вооружувањето со Русија нема многу врска ни со нуклеарното оружје ни со Москва. Кинезите имаа отидено многу напред и треба да се стигаат.

Американскиот потег не е формализиран но намерата е да се напушти историскиот договор со Русија од 1987 година. Беше потпишан од Реган и Горбачов и со него се предвидуваше забрана на нуклеарни и конвенционални ракети со опсег меѓу 500 и 5.500 километри.

Договорот може да се смета за полн погодок бидејќи само во првите 4 години беа уништени 2.700 американски и советски ракети. Последниве години имаше меѓусебни обвинувања за прекршување на договорот: Американците мрчеа за мобилниот лансирач SSC-8 а Русите сметаа дека одбранбените американски инсталации во Европа се недозволиви.

Но, тоа не е главниот проблем. Тој лежи во фактот што Кина не е потписник на договорот и како таква, со ништо не беше ограничена да ги јакне своите ракетни капацитети. Тие го искористија периодот да станат апсолутно доминантна сила на Пацификот и веќе имаат можност да ги ракетираат американските земјени цели, како што се нивните бази во Јапонија

Поранешниот прв човек на американската команда на Пацификот, адмиралот Хари Харис, кој подоцна стана амбасадор во Јужна Кореја, на испрашување во Сенатот призна дека кинеската армија во моментов е најголемата и најмоќна ракетна сила во светот која на лагер има преку 2.000 балистички и крстосувачки ракети. По него, 95% од нив не би биле дозволени според американско- рускиот договор. 

Тоа практично значи дека Американците имаа само две опции за да ја вратат рамнотежата на силите. Или да ја натераат Кина да стане потписник нас договорот или тие самите да се ослободат од лимитите кои тој ги носи и да почнат забрзано да ги стигнуваат Кинезите. Второво полесно.

24 октомври 2018 - 15:47