Епидемијата моментално се шири меѓу дрвјата во Западна Африка, главно Брегот на слоновата коска и Гана, од каде доаѓа околу половина од глобалната жетва на какао. Вирусот, кој се шири преку мали инсекти што ги јадат лисјата, пупките и цветот на дрвото, би можел да уништи до 50% од производството што доаѓа од овие две држави.
Заканата за глобалната залиха на какао ја потврдуваат од Универзитетот Тексас, Арлингтон, од каде објаснуваат дека овие инсекти не можат да се уништат со пестициди, заради што единствено решение е секое оболено дрво да се исече.
Обемот на штетата е од вирусот е исечени 254 милиони какао дрвја за неколку години само во Гана.
Земјоделците можат да се борат против бубачките со помош на вакцини кои го заштитуваат дрвото од вирусот. Тука проблемот е што вакцините се скапи за тамошните земјоделци, плус вакцинираните дрвја даваат помал плод.
Друг излез доаѓа од Универзитетот во Канзас, каде се обидуваат да пресметаат колку далеку треба да се посадат дрвјата за бубачињата да не можат да скокаат од едно на друго.