Студијата ги надополнува досега постојните заклучоци дека физичката активност е корисна за менталното здравје, со забелешка дека во одредени случаи вежбање со висок интензитет може да ги влоши работите околу менталното здравје.
Заклучоците до кои е дојдено важат и за мажи и за жени, и кај различни возрасни групи низ светот.
Истражувачите не успеале да најдат поврзаност меѓу физичката активност со висок интензитет и намален ризик од депресија.
„Умереното вежбање може да го подобри менталното здравје преку биохемиска реакција, додека високиот интензитет кај одредени поединци може да ја влоши реакцијата што телото ја има кон стресот.
Признавањето на разликите во начинот на кој различни луѓе реагираат на вежбање е клучно за ефикасни стратегии за ментално здравје, секоја препорака за активност треба да биде по мерка на поединецот,“ објаснува професорот по јавно здравје на Англиа Рускин Универзитетот, Ли Смит.
Според него, најважното од истражувањето е заклучокот дека и умерена физичка активност може да биде корисна за менталното здравје „имајќи предвид дека таа е полесно да се постигне за луѓето кои можат да направат само мали промени во животниот стил.“