Уредникот на магазинот Цицерон објави документи кои даваат увид во тоа како е донесена таквата одлука на министерството за економија. Извештајот сугерира дека врвни функционери од Зелените намерно фалсификувале извештаи од експерти.
Очигледно е дека по секоја цена сакале да го избуткаат напуштањето на нуклеарните централи, без оглед на економските и научните причини и аргументи, пишува Берлинер Цајтунг.
Кои информации биле криени од министерот Роберт Хабек?
На пример, интерна белешка од министерството за екологија од март 2022 година во која експерти објаснуваат дека нуклеарните централи кои се во погон можат уште со години да работат во поглед на безбедноста. Два дена подоцна, тој меморандум е заменет со друг кој заклучува „да се одбие заради безбедносни причини.“
Хабек никогаш нема дознато за оригиналниот меморандум.
Во друга белешка се вика дека продолжувањето на работата на нуклеарките ќе ја намали цената на струјата и ќе ја стабилизира мрежата.
И ова не му е предочено на Хабек. Но, информациите ги знаел државниот секретар во неговото министерство, Патрик Грајхен кој подоцна Хабек го смени, но откако беше доцна за нуклеарките. А го смени затоа што на својата сестра ѝ дал зелен проект од 600.000 евра.
Меѓутоа, тој претходно бил толку одушевен од сижеата што му ги подметнувал Грајхен што често ги цитирал, велејќи му „Луѓето ова мора да го дознаат!“ За тие сижеа, дури и огорчени противници на нуклеарна енергија велат дека се полни со лажни информации.
Цицерон и неговиот уредник се на суд заради објавување на документите од министерството. Експерти тврдат дека со разумен напор, пет од шест затворени нуклеарни централи можат да бидат вратени во функција.