Извршниот директор на Рајанер, Мајкл О' Лири, очекува во наредниот период нискобуџетни авиопревозници да престануваат со работа во пазарни услови во кои и бројките на неговата компанија се паднати
За само неколку недели своите авиони ги приземјија кипарскиот превозник Кобалт, данскиот Примера Ер и швајцарскиот Скајворк а британскиот Флајби призна дека е во долгови до гуша, за што причини најде во намалената побарувачка и повисоката цена на енергенсите.
Самиот Рајанер ќе заврши во плус но со корегирани очекувања кои минатиот месец беа намалени за 12% иако просечната цена на билетот ја намалиле и изнесува под 46 евра.
Освен цената на горивото, авиопревозниците доживеаја сериозен удар со серијата штрајкови на авионските посади и аеродромските работници, особено во контролата на летање. Тие штрајкови доведоа до масовни проблеми со веќе букираните престои на луѓето и последоватрелен гнев кај луѓето.
„Клучното прашање е дали менаџментот на Рајанер ќе успее да ги заузда ваквите протести пред нивните корисници комплетно да ја изгубат довербата. Колку подолго трае нередовноста, толку луѓето повеќе ќе се оддалечуваат од брендот и ќе бараат други решенија, без разлика колку овие ќе ја спуштат цената“, вели за Гардијан еден аналитичар на авио пазарот.