Во неколку британски весници деновиве осамнаа реклами на Филип Морис чија кампања има наслов „Придржи ми ја запалката“. Направиле веб сајт на кој пушачите можат да создадат профил и после со другите да си помагаат да ги откажат цигарите.
„Врвно лицемерие е тутунска компанија да промовира откажување од цигари во Велика Британија кога истата ги промовира своите производи во целиот останат свет. Најдобар начин Филип Морис да им помогне на луѓето да престанат да пушат е да престане да произведува цигари,“ велат од еден центар за истражување на ракот.
Компанијата годишно вади на пазар 800 милијарди цигари а последниот квартал го завршија со приходи од 7,5 милијарди долари.
Во Британија не само што е забрането да се рекламираат цигари туку од мај годинава тие се продаваат во обични небрендирани пакувања и големи предупредувања.
Филип Морис веќе извесно време сериозно го бутка својот IQOS бидејќи пазарот најлесно се контролира ако најголемиот конкурент си самиот ти. Новиот систем кој се нуди како алтернатива на класичното пушење се базира на загревање а не горење на тутунот при што се ослободува само никотинот но не и катранот од краткото цигарче. Го има во 43 земји а во САД сè уште се чека на одобрување од агенцијата за храна и лекови.
Види: