Граѓани на Виена кои живеат во „државни станови“ решаваат дека повеќе не сакаат нивното име и презиме да биде испишано на домофонот пред на влез во зграда или на поштенското сандаче. Откако властите решаваат дека барањето на станарите е на место, по основа заштита на приватност и тазе воведениот ГДПР, тие инстантно го задолжуваат претпријатието кое управува со становите да фати плочките со имињата на станарите да ги заменува со бројки. Од една страна ќе треба да се сменат плочките на 220.000 станари, од друга страна во случај на тужба казната може да изнесува 20 милиони евра. Доколку запнеш да ти го пишува името, тогаш на тебе се остава одозгора врз плочката да залепиш налепница со презимето или што и да сакаш да ти пишува.
Иако од Брисел соопштуваат дека одредбата не важи за имињата и презимињата на домофони или поштенски сандачиња не само што Виена останува на својата одлука, туку по нивен пат трга и Haus&Grund германскиот сојуз на сопственици на недвижности кој брои 900.000 членови.
Препораката од сојузот до нивното членство е имињата и презимињата да ги заменат со бројки, бидејќи „само така можете да бидете сигурни дека е гарантирана приватноста на потстанарите и да се избегнат милионски казни за изнајмувачите“.
Дел од дебатата која во Германија се разви на темата отиде во правец дали целта на одлуката е „да се внесе немир меѓу граѓаните и поттикнување нетрпеливост кон ЕУ“.
Инаку во членки на ЕУ како Франција и Шпанија одамна е востановена пракса наместо имиња во зградите да бидат испишани само бројки од становите.