Линда Сарсур во своето портфолио има ставки како еден до водечките ликови на #MeToo, поранешен извршен директор на Асоцијацијата на Американци со арапско потекло од Њујорк, и еден од лидерите на Женскиот марш.
Освен работата што ја тера по основа на заштита на етнички и родови права во САД, таа во повеќе наврати се обидува да го „рехабилитира“ шеријатот како систем, или барем да нагласи некои од неговите позитивни елементи.
Пријателството на Сарсур со Луис Фарахан, водачот на Нацијата на исламот, е основа и за нејзино етикетирање како антисемитист.
Деновиве пријателството на Милано со Сарсур пак се актуелизираше за време на една панел дискусија околу #MeToo на Политикон конференција во Лос Анџелес, кога конзервативната новинарка Лаура Лумер пред полната сала побара од Милано да се откаже и да ја осуди американката со палестинско потекло за нејзината поддршка на шеријатот. Одговорот на Милано беше „не, не е така“, а Лумер од страна на обезбедувањето беше попратена од салата.