Хабл се тресе у ладен простор

Старите аналогни часовници некогаш знаеја ничим изазвани да запрат да работат иако беа прописно курдисани. Понекогаш тој проблем знаеше да се реши со обично протресување. Ќе го протресеш саатот нервозно и ете ти ја стрелката од секундарникот, продолжува да врти ко ништо да не било. Исто чаре било и за Хабл, телескопот кој кошта речиси три милијарди долари.  

Вселенскиот телескоп Хабл наскоро ќе биде комплетно функционален откако операторите му го решиле проблемот со жироскопите така што - го протресле.

Жироскопите го насочуваат телескопот во саканиот правец и нивната прецизност е круцијална за набљудување на длабоката вселена, откривање нови галаксии, црни дупки и соларни системи.

Проблемот прво бил воочен откако детекторите погрешно сигнализирале дека тркалото во уредот се врти многу побрзо од предвидените 19,200 ротации во минута.

Потоа системот отишол во безбеден мод на оперирање. Операторите првично пробале да го решат проблемот со најјаката финта „исклучи-уклучи“ но не успеале. Пота направиле серија „вселенски маневри“ со идеја дека можеби во затворениот систем сепак има влезено некое туѓо тело (научно: раска) која го кочи слободното движење.

„Ако сакате да го викате тоа протресување, во ред е,“ вели Патрик Курз, главниот проект менаџер на Хабл.

Финтата упалила и Хабл повторно ќе биде функционален и употреблив за научни операции.

Телескопот е стар 28 години и последен комплетен ремонт му бил правен во 2009 година кога му биле заменети сите шест жироскопи.

26 октомври 2018 - 17:56