Го започнаа во 2009 година и ќе го пуштат утре. Се работи за најголемиот прекуморски мост на светот, долг 55 километри чија ипсилон форма ги поврзува Хонг Конг и Макао со копнената матица.
На едно место влегува во тунел под море во должина од 6,5 километри, за да можат на тоа место да транзитираат и наголемите пловни објекти. Идејата е Хонг Конг дополнително да се интегрира со матицата а заедно со Макао да се поврзе со 11 кинески градови кои треба да формираат ИТ долина конкурентна на Силициумската во САД.
За време на изградбата на мостот,на работно место загинале 9 работници а 200 биле повредени. Конструиран е да издржи ветришта до 340 километри на час.
Опоненти му најдоа многу мани на проектот, дека е политички мотивиран, дека е прескап, дека е непотребен и редундантен, дека ја ремети животната рамнотежа оособено на белите делфини ама Кинезите сепак го изградија, водени од старата кинеска мудрост која вика: Ако, нека има.
За возење приватна кола по мостот ќе треба да се вади посебна дозвола бидејќи е предвиден да служи главно за шатл автобуси.
Изградбата на мостот чинела 20 милијарди долари. Кеш: