Вести

И неа ли сега да ја мислиме?

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Речник

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Вештачката интелигенција ќе ја уништи економијата

Во трудот „Стапицата на отпуштањата заради вештачката ибнтелигенција“, двајца американски истражувачи математички моделираа како брзата автоматизација со помош на вештачката интелигенција води кон кон економски колапс. Секоја компанија со најрационални мотиви ќе влезе во ВИ трката зашто ако таа не влезе, другите ќе влезат и ќе ја уништат. Но кога сите ќе се фатат за тоа оро - проблем.

Премостување на сообраќајниот хаос

Сообраќајниот хаос во пренаселените индиски градови се чини нерешлив проблем. Улиците не можат да се прошируваат а да не настане хаос, да се копа метро е бавно, скапо и дополнително ќе ја влоши ситуацијата додека „работите се во тек“. Им текнало да го решат проблемот како што отприлика го решава Спајдермен.   

Што прави добро европската популистичка десница?

Европските популисти и десничари не добиваат поддршка само затоа што везден лаат против имигранти туку и затоа што нудат и спроведуваат економски политики кои им помагаат на сиромашните и на средната класа, пренесува Ал Џезеира.

Анти-ваксерска карма

Висок италијански функционер на владејачката Лига со години корне од пропагирање против задолжителното вакцинирање против сипаници, а минатата влада ја нарекуваше „сталинистичка“ затоа што терала задолжително вакцинирање. Што мислите од која болест моментално е заразен?

Зошто Буш ја почна војната во Ирак?

Знаеме дека не е демократија или оружје за масовно уништување, ама не е ни ирачката нафта или израелски интереси.

Економски раст = неофашизам?

Во Загреб осамнал баш таков графит (без прашалникот) па уредникот на хрватски Форбс објаснува што е тука погрешно. Растот сам по себе не е ниту добар ниту лош. Секогаш лоша е само сиромаштијата.

Нурсултан, засекогаш

Неколку часа откако Нурсултан Назарбајев објави дека се повлекува од позицијата претседател на Казахстан, по само триесет години, новиот претседател, Касим-Зомарт Токајев, предложи главниот град на земјата да се преименува од Астана во Нурсултан.

Во Австралија ќе исчезне зимата

За 30 години, Австралија комплетно нема да ја разбира скопската микро клима која е „изгор лето, кочан зима“, пошто и да им објасниш што е тоа кочан, они ќе се прашуваат што е тоа зима.

Дали хеџ фондови заработија стотици милиони евра на вечерта на брегзит?

На 23 јуни 2016 Скај њуз го започнува своето покривање на резултаите од гласањето во 22:00 точно во моментот на затворањето на гласачките места за референдумот за брегзит. Во првата минута ја објавуваат изјавата на Најџел Фараж, кој на изненадување на сите веднаш признава дека противничката кампања за останување во ЕУ најверојатно победила. Неколку минути подоцна идентично предвидување дава и првиот човек на угледниот ЈуГов. Како што се емитуваат изјавите така почнува да расте и вредноста на фунтата.

Тимот што го уби Кашоги побарал бонус за својата работа

Наведувајќи го обемот успешно измачувани и киднапирани луѓе, СРИГ (Saudi Rapid Intervention Group) наводно побарале бонус од принцот престолонаследник Мухамед Бин Салман, пренесува Њујорк тајмс од нивни извори од американските разузнавачи.

Пилотите на Боинг 737 Макс 8 добиле „еден час обука на Ајпад“

Обуката за Макс 8 верзијата на 737-цата, од која во две одделни несреќи загинаа речиси 350 луѓе и ги здроби акциите на Боинг, за американските пилоти се состоела од дополнителни 60 минути предавање.

Како од 200 долари мобилните стигнаа до 2.000 долари

Во времето кога беше клучно мобилниот да е што е можно помал цената на водечките модели беше околу 200 долари (таму каде што е важно), пред некој ден беше објавено дека првите смартфони на отворање ќе чинат од 2.000 долари па нагоре.

Гулаб продаден за 1,25 милиони евра

Зошто? Бил брз. За каде тоа гулаб треба толку да брза за да го платиш 1,25 милиони евра е друга приказна.

Грчки рецепт за втерување одговорност кај општинари

Седница на локални власти одговорни за училиштата во една од населбите во Атина. Комплетно ненајавено на седницата влетува еден крајно разбеснет родител заедно со блок малтер.

Диктаторот Франко ќе биде откопан од почесните гробишта

Шпанската влада одлучи дека останките на Франциско Франко треба да бидат отстрани од нивното сегашно почивалиште, меморијалниот комплекс Долина на паднатите (Valle de los Caídos) и да бидат префрлени во парцела на државните гробишта.

Бескорисен како Андроид анти-вирус

Последната проверка на анти-вирус категоријата на Андроид покажала дека две третини од сите апликации на темава се комплетни измами.

На Јапонците им снемаа шрафови за да ги довршат стадионите за Олимпијада

Најголемите градежни компании и трговци во земјата соопштија дека залихите на шрафови неопходни за спојување на челичните греди на стадионите и најразлични инфраструктурни проекти се целосно испразнети уште во јануари.

Американците банкротираат од што се разболеле

60% од личните пријави за банкрот во САД се должат на неможност да се платат добиени здравствени услуги. Човек некогаш ќе куртули и од рак, или барем ќе добие време во таа борба, само што тоа време ќе го минува снаоѓајќи се како да ги плати трошоците за лекувањето.

Канада ќе престане да праќа „летечки килими“ како хуманитарна помош

Медиумите открија дека со државни пари, од Канада во Хондурас како „хуманитарна помош“ стигнуваат пратки со хомеопатски лекови, здравствени тракатанци кои имаат научно покритие исто колку летечките килими.

Тамблр, сам ова си го бараше

Што може да се случи со социјална мрежа која вади леб од порнографија кога одеднаш ќе забрани порнографија? Mоже да се случи Тамблр.

Производителите на оружје ќе бидат тужени за масакрот во Сенди Хук

Во овој случај на отстрел е Ремингтон, најстариот производител на оружје во САД, а компанијата падна на маркетингот.

Чистата енергија не може да го испере Биткоин

Глобалната мрежа за копање биткоини троши струја колку цела Унгарија. Тоа станува растечки еко- проблем а обвноивливите извори на енергија не би можеле да ги решат проблемите кои ги предизвикува, и во потрошувачката на струја и во зголемувањето на електронскиот отпад.

Италијанската правда како избор на мис

Во Италија ќе треба да се спроведе посебна истрага за работата на апелациониот суд кој одлучи дека една жена била „премногу грда“ за да биде силувана.

Вака можевме и ние...

ВД градоначалник на едно место во Флорида е уапсен и однесен во притвор, неполн месец откако го замени претходниот градоначалник, кој беше уапсен.

Пожар во крематориум, се спасиле само телата

Нема многу во оваа вест, освен ова што го ставивме во насловот а ни се чини како некоја напушена космичка иронија вредна за споделување.

Америка има повеќе милионери отколку што Шведска има луѓе

Минатата година бројот на богати домаќинства во САД постигнува нов рекорд, отприлика исто колку целото население на Шведска или Португалија.