Над 10,2 милиони американски домаќинства имале нето вредност меѓу 1 и 5 милиони долари, што е 2,5% повеќе луѓе отколку во 2017. Во овие пари не е влезена вредноста на нивниот примарен дом.
Растот на обемот на богатство од 2,5% се случува во време на „ослабен глобален економски раст и раскарана политичка средина во САД“.
Во исто време нето вредноста на ултра богати семејства, со богатство меѓу 5 и 25 милиони долари, пораснал на вкупно 1,4 милиони луѓе (+3,7% од 2017), а бројот оние со имот над 25 милиони долари се зголемил за 0,6% и изнесува 173.000 луѓе.
Пресметано на малку подолг период, моментално групата на најбогати Американци (имот над 25 милиони долари) е зголемена за два пати во споредба со времето од големата финансиска криза од пред десетина години.