Живееме во тешка постмодерна. Степенот на кој овде сè е испомешано достигнува невидени, бравурозни висини. Во други околности (и со други нерви), есеј ќе напишевме за ова. Ама ние веќе сме седнати на софра, паднати во севдах и само чекаме ова да ни го пуштат за - како што е ред - да си зачукаме флаша во глава. Ајде Виданка, уште еднаш онаа, нашата!