Водечките политички партии на Запад треба да ги научат економските лекции на Орбан и сличните ако сакаат да се натпреваруваат против своите популистички предизвикувачи“, пишува Мишел Оренштајн.
Првенствено мисли на сетот семејни политики кои Орбан ги промовираше во февруари. Либералните кругови жестоко ги критикуваа но авторот ги оценува како храбри, дарежлии и популарни.
Еден од главните елементи на овој план е доживотно ослободување од данок на личните приходи на жени кои родиле 4 или повеќе деца (Орбан и жена му имаат пет). Жени помлади од 40 години кои првпат се мажат и кои работеле барем три години се квалификуваат за кредит до 36.000 евра за „подигнување деца“ со повластена стапка која се простува ако раѓаат деца, семејствата добиваат владин грант од 9.000 евра за купување возило со седум седишта, баби и дедовци кои чуваат деца стануваат подобни за заминување од работа и бенефиции а владата планира да креира 21.000 нови субвенционирани локации за чување деца.
Водечките западни медиуми, аналитичари и политичари едногласно го критикуваа ваквиот план, но Оренштајн потсетува дека критиките ги забораваат примерите на Русија и Полска на оваа тема, кои исто беа критикувани како прескапи па сепак јавниот дефицит не се зголеми туку се стимулираше економскиот развој, со драматично редуцирање на детската сиромаштија и исто таков раст на бројот на запишани деца во школо.
Овие аналитичари се во право кога велат дека политиките на Орбан се осмислени да ги охрабруваат жените да се мажат, купуваат станови, раѓаат деца и да останат во Унгарија. Но, нивната критика ја промашува поентата на важни точки. Генерално, овие предлози не се присилни и немаат намера да ја држат жената боса и врзана за дома. „Наместо тоа, Орбановиот план е да им помогне на жените да го одржуваат толку потребниот баланс работа - живот. За тоа, треба да бидат славени а не критикувани“.
„Ви се допаѓало тоа или не, некои од најхрабрите европски социјални иницијативи доаѓаат од најнелибералните влади. Негативната реакција на водечките влијателни луѓе на Западот покажуваат колку тие се неподготвени да се борат со Орбан и другите за освојувањето на срцата и главите на гласачите“, пишува Орешнтајн во Ал Џезеира.