Крематориум во јужна Германија преку ноќ бил зафатен со пожар кој предизвикал милионска штета. Пожарот го зафатил целиот објект, освен она што било наменето за горење - 20 тела на покојници кои требало да се кремираат.
Пожарот се случил во Швабиш Хал, 175 километри јужно од Франкфурт. Настаната штета се проценува на 1,5 милиони евра.