Во Австралија ќе исчезне зимата

За 30 години, Австралија комплетно нема да ја разбира скопската микро клима која е „изгор лето, кочан зима“, пошто и да им објасниш што е тоа кочан, они ќе се прашуваат што е тоа зима.

Зимата комплетно ќе исчезне од Австралија во следните 30 години, предупредуваат климатски експерти врз основа на моделите за предвидување на временските промени. Најладниот период ќе биде заменет со нешто што ќе се вика „ново лето“ и ќе се одвива со температурни бранови од плус 40 целзиуса.

Австралија е позната по тоа што е топла дури и во зимските месеци но променетата клима толку ќе ја вжешти што технички веќе нема да има смисла тоа да се вика зима.

Новото четврто годишно време грубо ќе го покрива периодот од средината на декември до доцен февруари а другите делови од старата добра зима ќе бидат проголтани од есента и пролетта. Конкретната ситуација ќе зависи и од регионот за кој станува збор: во Сиднеј, на пример, „новото лето“ ќе почнува уште во октомври и ќе трае до март.

Сиднеј ќе има 62 дена жешки денови, што е 47 дена повеќе од просекот во периодот 1960-1990.

20 март 2019 - 09:04