Дали хеџ фондови заработија стотици милиони евра на вечерта на брегзит?

На 23 јуни 2016 Скај њуз го започнува своето покривање на резултаите од гласањето во 22:00 точно во моментот на затворањето на гласачките места за референдумот за брегзит. Во првата минута ја објавуваат изјавата на Најџел Фараж, кој на изненадување на сите веднаш признава дека противничката кампања за останување во ЕУ најверојатно победила. Неколку минути подоцна идентично предвидување дава и првиот човек на угледниот ЈуГов. Како што се емитуваат изјавите така почнува да расте и вредноста на фунтата.

Неполн час по затворањето, во 22:52 фунтата ја надминува границата од 1,5 долари и го достигнува највисокото ниво во последните 6 месеци.

По неколку минути во преносот на Скај њуз се појавува економскиот уредник на телевизијата, кој на голем екран го покажува пикот, објаснувајќи дека фунтата со месеци ги следи резултаите од анкетите околу брегзит.

Додека на Британија иднината во ЕУ и зависи од исходот на вечерта, на мала група луѓе од хеџ фондови милијарди им зависат од резултатите на гласањето. Хеџ фондовите уште со време резервираат луѓе од ЈуГов и уште најмалку 5 компании за анкетирање и следење на јавно мислење. Овие компании на хеџ фондовите им ги продаваат своите најдлабоки анализи и сознанија околу намерите на гласачите и потенцијалниот исход од гласањето. Со вакво авансно инфо овие хеџ фондови се во совршена позиција да заработат богатство од продажба на британски фунти.

Едно од лицата кое директно е запознаено со ваквиот капацитет на изборните резултати е Најџел Фараж, поранешниот брокер кој по влегувањето во политика продолжува да работи за лондонска компанија за трговија со валути. Исто така човекот кој вечерта два пати излезе пред камери да каже дека неговата кампања најверојатно изгубила на референдумот.

 

19 март 2019 - 14:58